„Супер организација, секој пат има одлични екипи. Ние учествуваме како компанија, а The Pub Quiz нè здружи малку повеќе.“
Ирена

За сопственици на компании и менаџери што го водат тимот
Втората сезона од Корпоративната Паб Квиз Лига. Компании против компании, 7 вечери во Roosty, вистинска табела и финале што се памети.
Погледнете го целосното објаснување
Бесплатно · Трае 60 секунди · Без обврска
Слободни места: 4
Минатата сезона






















Бесплатно · Трае 60 секунди · Без обврска
Првата сезона
12
компании во првата сезона
120+
луѓе по коло
200+
заинтересирани компании
Што велат учесниците
„Супер организација, секој пат има одлични екипи. Ние учествуваме како компанија, а The Pub Quiz нè здружи малку повеќе.“
Ирена
„Ми се допаѓа атмосферата и можноста за дружба. Целиот квиз те враќа во време без телефони и компјутери. Повеќе human touch, повеќе забава.“
Сања
„Супер е концептот и тоа што има јасни правила што се почитуваат. Дојдовме да се дружиме, но и предизвикот ни дојде убаво.“
Зои
„Прв пат учествувам на вакво нешто и искрено, феноменално е. Почнав да верувам дека Скопје повторно има ноќен живот.“
Никола
Звучи познато?
Вечера, здравица, и до понеделник сите заборавиле.
Цел ден, голем буџет, и ефект што не се повторува.
Локал, мени, програма, логистика. Уште една работа покрај вашата.
„Задолжителна забава“ е најбрзиот начин да ја убиете атмосферата.
Проблемот не е во вашиот тим. Проблемот е што досега никој не им понудил нешто што вистински ќе го паметат.
Едноставно објаснување
Седум вечери низ есента. Седум натпревари по знаење. Вистинска лига со табела, поени што се собираат од коло во коло, и финале кое се памети. Без телефони, без компјутери. Лице в лице, маса против маса, во Roosty.
Прашањата ги чита водител, одговорите се пишуваат на хартија, судиите ги носат до жирито.
Телефоните и смарт часовниците се оставаат во кутија на масата.
Поетско читање, продолжи го текстот, погоди го изведувачот.
Над 50% од прашањата и музиката се на тема Македонија.
7
вечери
3-6
играчи по тим
1
финале
0
телефони
Бесплатно · Трае 60 секунди · Без обврска
![Квиз мастерот [ИМЕ]](https://pubquiz.mk/wp-content/themes/pubquiz-twentytwentyfive-child/assets/images/thepubquiz-hero-1600.webp)
Вашиот квиз мастер
Минатата сезона ги водев сите кола на првото корпоративно Pub Quiz првенство. Секое прашање го пишуваме специјално за лигата, секоја вечер ја водам лично. Вие само доаѓате со тимот.
Една вечер, чекор по чекор
Пет до шест луѓе. Масата е подготвена, храна и место само за вас. Нема барање маса, нема чекање.
Музиката се намалува, светлата се менуваат. Правилата за неколку минути и првата рунда стартува.
Прашања што не ги наоѓате на Google ни на ChatGPT. Музички рунди, македонски прашања и толку необични прашања што салата се смее пред некој да напише одговор.
Хартија, дискусија, расправа, смеа. Судиите ги собираат листовите, а табелата се ажурира во живо.
Храна, пијалок, разговор. Оној вистински разговор што се случува кога телефоните се во ќошот.
Кој е прв, кој е втор, кој има работа. Тимот што беше трет сега се бори за прво. Затоа луѓето се враќаат.
Имате 12 луѓе што сакаат да играат? Испратете различни луѓе на различни кола. Правилата се отворени.
Специјалитет на куќата
Ако тимот има еден човек што ја знае секоја песна, ова е неговиот момент.
Водителот чита стихови како поезија. Вие ја препознавате песната.
Песната запира, го бараме следниот стих.
Песната ја знаете. Ама кој ја пее?
Или обратно :)
Формат и датуми
Секое коло трае 2-3 часа. Секоја компанија игра со тим од 3 до 6 лица, со можност за ротација. По секое коло се објавуваат табела, фотографии и видео.
19 октомври
Понеделник · 19:00
Roosty, Скопје
Отворање на сезоната и прва табела.
26 октомври
Понеделник · 19:00
Roosty, Скопје
Лигата продолжува со ажурирана табела.
02 ноември
Понеделник · 19:00
Roosty, Скопје
Коло за пресврт во рангирањето.
09 ноември
Понеделник · 19:00
Roosty, Скопје
Средина на сезоната, прв вистински тест за фаворитите.
16 ноември
Понеделник · 19:00
Roosty, Скопје
Финишот почнува, секој поен е важен.
23 ноември
Понеделник · 19:00
Roosty, Скопје
Последна шанса за голем скок.
30 ноември
Понеделник · 19:00
Roosty, Скопје
Финале, прогласување победници и целосна сезонска табела.
Датумите може да се променат доколку распоредот го налага. Сите учесници ќе бидат известени навреме.
Бесплатно · Трае 60 секунди · Без обврска
Инвестиција
Цена по лице, по вечер
околу 1.750 ден.
Точната цена зависи од бројот на луѓе во тимот.
Пример: тим од 6 лица × 7 кола = околу 74.000 денари за целата сезона.
Пијалоците не се вклучени. Намерно, за секој да нарача што сака.
За споредба: еден класичен team building чини 200-500 евра по лице, за една вечер.
Бесплатно · Трае 60 секунди · Без обврска
Проверка
Прашања
Тимот брои од 3 до 6 лица на маса. Ако имате повеќе заинтересирани, можете да ротирате различни луѓе на различни кола.
Последен чекор
Останаа уште 4 слободни места за компании во оваа сезона.
Бесплатно · Трае 60 секунди · Без обврска
Шест кратки прашања, околу 60 секунди.
Ги договараме деталите за вашиот тим.
Ние организираме сè, вие само доаѓате.